недела, 20. септември 2020. Вести денес: 93
home Занимливости

(видео) Тетоважа „ Преживеан од Ковид-19 “

(видео) Тетоважа „ Преживеан од Ковид-19 “

Мексиканскиот артист Оми Дебуа на свои клиенти кои го прележале вирусот Ковид-19 им нуди бесплатна тетоважа ” COVID-19 SURVIVOR” („Преживеан од Ковид-19).

Таа го прави ова за да во име на сеќавање на пандемијата пациентите ќе можат да разговараат со своите деца, внуци…

„Се сеќавам дека го добив Ковид во 2020 година, тогаш имаше пандемија… Тоа беше смртоносна болест и преживеав. Видете ја мојата тетоважа”, карикира Дебуа, која инаку живее во градот Монтереј.

Оскар Моралес кој има 20 години ја истетовира неговата рака како потсетник дека несакајќи заразил тројца членови на неговото семејство како последица на невнимателност на почетокот на пандемијата, за среќа сите преживеале. Тој вели дека откако добил позитивен тест се заштитува максимално, носи постојано маска и ги дезинфицира рацете.

Коронавирус