четврток, 20. јануари 2022. Вести денес: 2
home Занимливости

ВИДЕО: Солзите на овој маж позитивен на корона го трогнаа светот, медицинскиот персонал реши да го изненади

ВИДЕО: Солзите на овој маж позитивен на корона го трогнаа светот, медицинскиот персонал реши да го изненади

Снимка од италијанска болница го разнежни светот. Ниту коронавирус пандемијата не може да ги спречи роденденските прослави.

Медицинскиот персонал од монтажната болница во град во Пиаченца одлучи на својот пациент Бруно да му го честита роденденот со торта и песна.

Екипата облечена со заштитна облека влезе во импровизираната болница, подигната од италијанската војска, и му ја испеа роденденската песна на Бруно.

Мажот не можеше да ги задржи солзите изненаден од овој потег, но и од измешаните емоции дека роденденот го минува во болница како позитивен случај на Ковид-19 и со една желба, што поскоро завршување на пандемијата со што помалку жртви.

Коронавирус