понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 139
home Занимливости

ВИДЕО: СО ГОДИНИ БИЛ ЗАРОБЕН ВО СВОЈОТ ДОМ ПОРАДИ НЕГОВИТЕ КИЛОГРАМИ – морале да уриваат ѕид за да го изнесат надвор

Во евакуацијата учествувала дури 50 градежни работници и градежна дигалка.
ВИДЕО: СО ГОДИНИ БИЛ ЗАРОБЕН ВО СВОЈОТ ДОМ ПОРАДИ НЕГОВИТЕ КИЛОГРАМИ – морале да уриваат ѕид за да го изнесат надвор

Французинот Алан Панабијер со години бил заробен во својата куќа во Перпињањ заради својата килажа од дури 300 килограми, а кога конечно морал да оди на операција, настанал вистински проблем затоа што медицинарите не знаеле како да го транспортираат до болница.

Така започнала евакуација во која учествувале дури 50 луѓе и градежна дигалка, а урнат е и дел од ѕид во зградата во која пациентот живее. Панабијер не може да оди по скали, а не може ни да помине низ врата, па морал да биде ангажиран цел тим полицајци, пожарникари и медицинари.

Лекарите заклучиле дека, заради отежнатото дишење, животот му е загрозен. Со оглед на тоа дека во тој дел од Перпињањ зградите се многу блиску една до друга, крано бил поставен во соседната улица. Под прозорецот на Алан бил спуштен контејнер чија стабилност ја обезбедувало посебно возило.

Контејнерот, потоа е подигнат до висина на прозорецот. Претходно морал да биде урнат дел од фасадата, за во него да биде ставен пациентот. Докторите чекале подготвени. Деликатната евакуација се завршила успешно. Панабијер ќе биде опериран во Универзитетската болница Монпеље, а потоа ќе биде префрлен во центар за рехабилитација каде би требало да помине неколку недели.

Најнови вести

Коронавирус