недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 93
home Занимливости

ВИДЕО: Пронајден брод потонат пред 100 години полн со злато

ВИДЕО: Пронајден брод потонат пред 100 години полн со злато

Руски воен брод потонат пред 113 години е откриен близу брегот на Јужна Кореја.

Истражувачите веруваат дека во него се наоѓа злато вредно повеќе од 100 милијарди фунти.

Бродот бил потонат во 1905 година, а сега е пронајден на само еден километар од брегот на јужнокорејскиот остров Улеунгдоа на длабочина од  околу 500 метри.

Истиот бил пронајден од страна на истражувачи од Јужна Кореја, Велика Британија и Канада. Тие со помош на мала подморница успеале да се приближат до бродот и да го прочитаат и името на истиот.

Димитриј Донски испловил во 1883 година во Санкт Петерсбург, а се движел со помош на котли на јаглен, како и три јарболи со едра.