петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 57
home Занимливости

ВИДЕО: Погледнете што не чека после вакцината за коронавирусот!

ВИДЕО: Погледнете што не чека после вакцината за коронавирусот!

Иако коронавирусот е нова болест, податоците од некои области покажуваат дека дури 90 отсто од пациентите се лекуваат со антибиотици. Тоа се податоци од болниците кои не земаат во обзир луѓе кои земаат антибиотици на своја рака.

Отпорноста на антибиотиците е веќе алармантна – и причината е скоро 700.000 мсртност на годишно ниво. Да биде уште полошо ако отпорноста на антибиотиците се влошува, нема да има лекови кои ќе помогнат, заатоа што многу произведувачите на антибиотиците банкротирале, а сега сите бараат вакцина за вирусот.

Многумина истражувачи изминатите месеци се обратија во јавноста предупредувајчи на проблем. „Внимателното користење на антибиотиците е важно колку и носењето на заштитна опрема“, вели Адам Робертс, микробиолог.

Бактериското воспаление е чест следбеник на вирусните инфекции. Повеќето од починатите од шпанскиот грип не ги убил грипот туку бактериската инфекција која го напаѓала ослабениот организам.

Кога беше во ек грипот Н1Х1 во 2009 година проценките беа дека скоро 19.000 лица починале во САД. Ако се земат во обзир и бактериските инфекции како последица на тој грип бројот ќе се искачи на 290.000.

Според првите информации од Вухан, скоро 15 отсто од заболените од коронавирус добиле бактериски инфекции, од што половина починале. Лекарите им даваат антибиотици на заболените превентивно за да не се развие инфекција. Во нормално време, антибиотик се дава кога лабораториски ќе се утврди присуство на бактеријата.

Покрај хидроксихлоквини, како лек за коронавирусот се појавил и антибиотикот азитромицин, па производителите во САД пријавиле недостиг на залихи од тој лек.

Ситуацијата дополнително се влошила поради тоа што ги нема новите антбиотици, и поради тоа што оние на кои се работело со години чекаат одобрување.

Токму тоа е најголем предизвик, да им се овозможи на фирмите кои се занимаваат со развој да преживеат до пуштање на лекот на пазарот. Само во САД се две големи фирми на кои лекот им е одобрен кои морале да поднесат барање за банкрот.

ЕУРО 2020

Македонија