вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 129
home Занимливости

ВИДЕО: Неверојатна сторија или лажна вест- како младиот Дарко од Струмица стаса во светските медиуми?

ВИДЕО: Неверојатна сторија или лажна вест- како младиот Дарко од Струмица стаса во светските медиуми?

Неверојатна приказна која го обиколи светот, но заврши на ѓубриштето преполно со лажни вести и тоа не од било каде туку од земјата на лажните вести – Македонија.

Тенисерот Дарко Грнчаров кој три дена пред клучниот меч во Aнталија доживеал мозочен удар поради напорните тренинзи и паднал во кома, веројатно сте ја прочитале, ако не во некој од светските, тогаш сигурно во домашните меидуми.

Дарко Грнчаров е момче по потекло од Струмица на кое тенисот му e најголемата љубов. Преку неговата животна приказна успеал да стигне до вниманието на медиумите, но послабо му одело на тениските терени.

Неговото семејство не успеавме да го нaјдеме во Струмица, а струмичани не знаат многу за познатиот тенисер.

Приказната за Грнчаров изминатиот месец ја истражувал и Бен Ротенберг, новинар  од САД чија што специјалност е тенисот. Бен работи за повеќе медиуми, а соработува и со престижниот Њујорк Тајмс.

Ротенберг не е единственмиот кој се заинтересирал за Грнчаров, младиот струмичанец кој преку своите атрактивни ставови стигнал и до ББЦ.

Дарко постои, ни потврдија неговите роднини кои се дел од позната спортска фамилија. Но, Дарко веќе не одговара на барањата за контакт со медиумите. Исчезна од социјалните мрежи откако му одговори на Ротенберг тврдејќи дека оние кои го познаваат знаат низ каков пекол поминал.

Дарко Грнчаров не е регистриран во македонската тениска федерација, но се регистрирал на ИТФ листата каде единствена негова активност е турнирот во Египет од април минатата година, за кој добил вајлдкарт, но не се појавил на теренот.

– Како 20 годишно момче од земјата на лажни вести ги измами Мартина Навратилова, Серена Вилиамс и ББЦ, сериозно го става во прашање кредибилитетот на медиумите од Македонија. Оваа приказна е добра лекција за сите

Пред медиумите стои сериозен предизвик да се врати угледот на медиумите.

Дарко Грнчаров со сигурност ќе остане запаметен по неговата неверојатна желба да го добие медиумското вцнимание, и да стигне до терените на кои играле светските тениски ѕвезди. Медиумите во Македонија пак ќе треба да покажат дека не секоја вест напишана на компјутер во Македонија е лажна вест.

Коронавирус