недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Занимливости

ВИДЕО: Не се шишал 54 години- косата му е долга 5,5 метри, 3 часа му требаат да ја измие и исуши

ВИДЕО: Не се шишал 54 години- косата му е долга 5,5 метри, 3 часа му требаат да ја измие и исуши

Аке Јизхенг, кој има дредови замотани околу својата глава како турбан, тврди дека не се шишал 54 години.

Необично долгата коса на овој 77-годишник станала вирална на кинеските друштвени мрежи, бидејќи неговата снаа го однела на миење кај фризер и снимила како тројца му ја одмотуваат косата, се мачат, ја мијат и сушат, а сето тоа траело цели 3 часа.

Кога имал само 23 години, Аке рекол дека со пуштањето на косата ќе го осигура своето здравје, како и на своето семејство и оттогаш не се шиша. Неговата снаа рекла дека кон крајот на 70-те некој му понудил 500 евра за косата, но тој одбил, бидејќи здравјето на неговото семејство било поважно.

-Тоа за него е нормално. Навикнал на својата долга коса и не се чувствува непријатно. Најмалку два пати месечно оди на фризер да ја измие косата и да ги среди испуканите врвови, а за тоа да се направи потребни се три часа работа – изјавила снаата.

Коронавирус