среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 13
home Занимливости

ВИДЕО: Најстариот бисер во светот пронајден во Абу Даби

ВИДЕО: Најстариот бисер во светот пронајден во Абу Даби

Надлежното министерство во Обединетите Арапски Емирати најави дека на следната изложба во Абу Даби, ќе биде претставен бисер стар 8.000 години, за кои археолозите тврдат дека е најстар во светот.

Бисерот бил пронајден за време на археолошко истражување на островот Маравах.

-По направените анализи со радиоактивен јаглен утврдено е дека слоевите на бисерот настанале меѓу 5.800 до 5.600 години пред новата ера, наведува претседателот на Одделението за култура и туризам на Абу Дабу, Мухамед ал Муабарак.

Експертите од Емиратите веруваат дека со бисери се тргнувало со патниците од областа на Месопотанија и древниот Ирак, во замена за керамика ио друга стока. Веројатно бисерите и тогаш се носени како накит.