вторник, 10. мај 2022. Вести денес: 8
home Занимливости

ВИДЕО: Мачор преживеал 30 минути перење во машина

ВИДЕО: Мачор преживеал 30 минути перење во машина

Мачорот Брош, во сопственост на семејство од Дњепар во Украина, минал половина час во машина при перење и – преживеал. Сопствениците објаснуваат дека мачорот обично сака да спие во машината за перење, а бидејќи е сив како и внатрешноста на машината, не ја забележале кога таа била вклучена. Ова е објавено на Фејсбук-страницата на тамошната ветеринарна клиника „На рабочаја“.

Вработените во клиниката сведочат дека при прегледот откриле дека по 30 минути вртење во машината, животното имало ниска температура и отежнато дишење во белите дробови. Очите му биле подзатворени поради пената, а устата силно му мирисала на детергент.

„Ова не е прв пат да се сретнеме со ваков случај, но Брош имаше многу среќа. Не залудно се вели оти мачките имаат девет животи!“, додаваат од ветеринарната клиника.

Слична приказна се случи во 2020 година во Австралија. Мачка преживеала 12 минути миење со топла вода и детергенти.

Коронавирус