петок, 7. мај 2021. Вести денес: 149
home Занимливости

ВИДЕО: Крава ја одбрала слободата – Избегала од фарма за да живее со стадо бизони

ВИДЕО: Крава ја одбрала слободата – Избегала од фарма за да живее со стадо бизони

Домашната крава избегала од својата фарма некаде минатата есен, и оттогаш е со стадо диви бизони. Луѓето, меѓутоа, се упорни дека нејзината зимска авантура мора да заврши.

Во ноември 2017-та, кравата беше забележана во полска шума од орнитологот Адам Збирит, додека лутала со околу 50 бизони на белоруската граница.

-Не е необично да се видат бизони близу шумата , но едно животно посебно ми фати око. Беше комплетно различна, посветла кафена боја од остатокот од стадото, изјави Збирит за локални медиуми.

Со оглед дека тогаш кравата уште била млада, Збирит претпоставил дека наскоро ќе го напушти стадото и ќе се врати дома.

Кравата е повторно забележана, овојпат од биологот и експерт за бизони Рафал Ковалчик. Очигледно останала со стадото и не се вратила дома. Ковалчик вели дека изгледала дека е во добра состојба, и сосема добро се снаоѓала меѓу стадото.

Дебелото крзно и благата зима во источна Полска имаат голем удел во тоа, вели биологот (воедно и директор на Истражувачкиот центар за цицачи, како и Полската академија на науки).

Коронавирус