петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 29
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против мафијата, за правда и слобода

home Занимливости

Видео кое мора да го погледнете – кучето Пончо врши реанимација на човек

Видео кое мора да го погледнете – кучето Пончо врши реанимација на човек

Шпанската полиција во своите редови го има и Пончо, куче кое успешно е дресирано да врши реанимација, верувале или не.

На видео снимката објавена од мадридската полиција се гледа како Пончо започнува реанимација над својот партнер кој глуми дека е мртов.

Кучето скока и со шепите ги притиска градите, прави паузи, па го приближува увото на градите за да го слушне отчукувањето на срцето.

Пончо не застана со реанимацијата се додека полицаецот не стана.

Сепак, портпаролот на мадридската полиција, Фернандо Родригез објаснува дека Пончо не може вистински да спасува животи на овој начин, туку целата точка е изведена за посетителите од училиштата, како и дека ниту едно куче вистински не може да реанимира.

Пончо ова го изведува исклучително со својот тренер.

Коронавирус