четврток, 22. април 2021. Вести денес: 100
home Занимливости

ВИДЕО: Кит од 25 тони спаси нуркачи од ајкула

ВИДЕО: Кит од 25 тони спаси нуркачи од ајкула

Видеото на кое е прикажано како огромен кит штити нуркачи на кои им се приближува ајкула е снимено во водите на Тихиот океан, кај Куковите острови.

Морскиот биолог Нен Хаусер вели дека грбавиот кит ги заштитил неа и нејзиниот тим од тигреста ајкула.

Цицачот од 25 тони и долг околу 14 метри во еден момент ги подигнал над водата.

Нен вели дека оваа ситуација само докажува дека на китовите им е вродено да ги заштитуваат другите животински видови, вклучително и човекот.

Таа верува дека вакво нешто никогаш досега не е снимено, пишува Дејли Мејл.

-Не бев сигурна што планира китот да направи кога ми се доближи. Не престана да ме турка цели 10 минути, вели таа.

Нен додава дека минала 28 години под вода со китови, но никогаш не сретнала кит кој бил толку грижлив.

Коронавирус