недела, 9. август 2020. Вести денес: 90
home Занимливости

ВИДЕО: Индиец стана хит поради златната маска од 26.000 куни

ВИДЕО: Индиец стана хит поради златната маска од 26.000 куни

Индиец си купил златна маска за 26.000 куни, а неговите фотографии станаа вирални на социјалните мрежи. Златната маска тежи 60 грама и било потребно осум дена за да се креира, изјави богатиот бизнисмен Шанкар Кураде.

Тој вели дека маската има ситни пори кои му овозможуваат да диши слободно.

„Не знам дали е ефикасна против коронавирусот, но секако дека ја подига свеста за опасноста од вирусот“, изјави Кураде.

Откако ја има маската луѓето на улица бараат селфи со него. Идејата му дошла откако видел маска од сребро.

Во Индија, каде бројката на заразени надмина 700.000, маските се задолжителни на јавните места.

Коронавирус