Видео од Хвар во кое еден постар маж танцува ги освои срцата на многу корисници на ТикТок и докажа дека годините се навистина само бројка.
Бендот во кафулето ја изведе песната „Пусти, пусти моду“ од Здравко Чолиќ, а тој ги зарази сите со својата весела енергија. Во еден момент, му се придружи и девојка што стоеше до него.
„83 и танцува како никој да не гледа“, се вели во описот на видеото.
@j.milanovich 83 and dancing like nobody’s watching! 🕺 #kingofthedancefloor #dancing #fyp #goviral #croatia #following ♬ original sound – Jelena M.
Многумина имаа само пофални зборови за овој 83-годишник. Како што е наведено во коментарите, неговото име е Тонко и одамна е познат по своите танцови движења.