Занимливости

ВИДЕО: Доналд и Меланија Трамп пречекани со овации на првиот инаугуративен бал, првата дама воодушеви со изборот на фустан

Инаку, ова беше првиот од трите инаугуративни балови на кои присуствуваа Трамп и Меланија синоќа.

ВИДЕО: Доналд и Меланија Трамп пречекани со овации на првиот инаугуративен бал, првата дама воодушеви со изборот на фустан

Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп синоќа присуствуваа на балот на врховниот командант, каде танцуваа на песната „The Battle Hymn of the Republic“.

Со овации, парот го зазеде централното место за да ја прослави инаугурацијата на настанот за членовите на војската.

Првата дама за оваа пригода облече бел фустан со црни детали без прерамки, бели потпетици, а својот изглед го комплетираше со црно ланче со брош.

Фустанот, наводно, го дизајнирал Ерве Пјер, истиот дизајнер кој стои зад нејзиниот инаугуративен балски фустан во 2017 година. Од друга страна, претседателот Трамп носеше црн костум и пеперушка.

На сцената им се придружија потпретседателот Џеј-Ди Венс и втората дама Уша Венс, како и припадниците на вооружените сили, со кои одвоија време да танцуваат.

-Немав поголема привилегија во мојот живот од тоа да служам како ваш врховен командант, не еднаш туку двапати, рече Трамп на публиката.

Пред да ја напушти сцената, на Трамп му беше даден меч за да ја пресече огромната торта, на која беше претставен неговиот омилен дизајн за Air Force One. Потоа танцуваше со меч во рака.

Инаку, ова беше првиот од трите инаугуративни балови на кои присуствуваа Трамп и Меланија синоќа.

To top