петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Занимливости

ВИДЕО: „Демонско“ дете во авион, патниците револтирани од (не)реакцијата на неговата мајка

Таа и не се потрудила многу повеќе за да го смири својот „палавко“, а ни обидите на стјуардесите не вродија со плод, иако во речиси секоја прилика навистина се потрудиле да му удоволат. 
ВИДЕО: „Демонско“ дете во авион, патниците револтирани од (не)реакцијата на неговата мајка

Момче на возраст од три години цели осум часа, колку што трае летот од Германија до Њу Џерси, со својата палавост „ги забавуваше“ патниците и екипажот, а мајката само немо набљудуваше.

Снимката од летот на интернет ја објави уметникот Шејн Таунли, кој се наоѓал на летот. Тој однесувањето на момчето го нарече „демонско“, оти за време на целиот лет, тоа трчало по авионот, врескало, плачело и се качувало на седиштата и на патниците.

-Смири се, душичке, му вели мајката со смирен тон.

Таа и не се потрудила многу повеќе за да го смири својот „палавко“, а ни обидите на стјуардесите не вродија со плод, иако во речиси секоја прилика навистина се потрудиле да му удоволат. (МИА)

Коронавирус