среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 158
home Занимливости

ВИДЕО: Бизарен тренд се шири на „ТикТок“, лекарите вознемирени!

ВИДЕО: Бизарен тренд се шири на „ТикТок“, лекарите вознемирени!

На социјалната мержа „ТикТок“ се појави нов бизарен тренд – децата се снимаат како ги стругаат забите со турпија за нокти, а потоа видеата ги објавуваат на споменатата социјална мрежа.

Бројот на такви видеа е веќе алармантно голем, а стоматолозите предупредуваат колку е тоа штетно и глупаво.

„Правите непоправлива штета и ги уништувате забите“, изјавил за „Инсајдер“ д-р Чад Еванс, стоматолог од Тексас. Соработниците му го покажале овој тренд, после што докторот останал шокиран.

„Она што децата го прават со турпиите за нокти е слично на постапката што ја користат козметичките стоматолози при исправување на оштетен заб, но е многу поопасно бидејќи турпијата може да го оштети емајлот, а забот да стане преосетлив или целосно уништен“, предупредува стоматологот.

Коронавирус