петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 112
home Занимливости

ВЕЛИГДЕН: Мозаик јајца, техника за вапсање која сигурно ќе ви успее (ВИДЕО)

Следете ги упатствата, чекор по чекор и ќе имате најубави велигденски јајца.
ВЕЛИГДЕН: Мозаик јајца, техника за вапсање која сигурно ќе ви успее (ВИДЕО)

Самиот факт дека најголемиот христијански празник Велигден наближува, ги тера сите домаќинки да размислуваат на кој начин оваа година ќе ги вапсаат јајцата и дали ќе најдат некоја нова техника.

Додека некогаш јајцата се вапсале со лушпа од кромид, а се шарале единствено со восок, денес има многу забавни техники кои даваат преубави резултати, но останува на вас да се одлучите која ќе ја примените.

За мозаик техниката, потребни ви се стандардните бои за јајца или оние кои се раствораат во студена вода, малку изолир лента и секако јајца.

Јајцата најпрво офарбајте ги во една боја, најдобро е тоа да биде посветла, па оставете ги да се исушат.

Потоа исечете ја изолир лентата на ситни делови во облик по ваша желба – триаголници, кругови… и залепете ги на јајцата оставајќи простор меѓу парчињата.

Офарбајте го јајцето потоа со друга боја по ваша желба, и оставете го да се исуши.

На крај тргнете ги парчињата лента и ќе добиете преубави мозаик јајца.

НАПОМЕНА: По желба може да користите и стандардни бои кои се варат или бои кои се раствораат во студена вода. Се препорачува најпрво да ги вапсате јајцата во посветла боја, а по лепењето на лентата во потемна.  Јајцата со бела лушпа најдобро ќе изгледаат по бојосувањето со оваа метода.

Целата постапка може да ја погледнете во видеото во продолжениe.

 

Коронавирус