Романиа Џејд Тулок е деветнаесетгодишна шминкерка, која својата љубов кон шминкањето ја искомбинирала со уметноста и создава вистински оптички илузии.
На нејзиниот Инстаграм профил можете да видите мноштво нејзини дела за кои коирсти смели линии и светли бои.
Во едно интервју рекла дека официјално започнала да се занимава со шминкање во јули минатата година и дека сака да стане слободна шминкерка.
Одела во уметничко училиште две години, но од мали нозе дома мајка и ја подучувала од таа област.