вторник, 20. август 2019. Вести денес: 33
home Занимливости

Ваква кражба сигурно не сте виделе: Украле багер, па со него ограбиле банкомат (ВИДЕО)

Ваква кражба сигурно не сте виделе: Украле багер, па со него ограбиле банкомат (ВИДЕО)

Крадци во Северна Ирска дошле до неверојатна идеја за кражба на пари од банкомат.

Безбедносните камери снимиле грабеж што го извршиле непознати ограбувачи, кои со украден багер кршат банкомат покрај продавница во Лондондери.

Се гледа како ја кршат безбедносната ограда и го корнат банкоматот од ѕидот.

Кражбата се случила во неделата во 4:30 часот наутро. Потоа, крадците го натовариле банкоматот во автомобил Цитроен Берлинго, а на снимката се гледаат повеќемина крадци.

Целата операција трае само четири минути, по што банкоматот, кој се гледа од покривот на автомобилот отпатува во непознат правец заедно со крадците.

Багерот бил украден од градилиште во близина. Ова е осма кражба на банкомат во Северна Ирска, наведува полицијата и  додава дека ваквиот вид грабежи се многу зачестени последните години.