понеделник, 19. април 2021. Вести денес: 176
home Занимливости

Ваква девојка никој не сака да однесе дома: Се опијанила и му направила штета од 900.000 долари (ФОТО)

Ваква девојка никој не сака да однесе дома: Се опијанила и му направила штета од 900.000 долари (ФОТО)

Линди Лу Лејмен (29), на првиот состанок со познатиот адвокат Ентони Базби (49), се опијанила и направила штета на неговата уметничка колекција, што вклучува и две слики од Енди Ворхол.

Предизвиканата штета изнесува 900.000 долари, а Лејман била уапсена веднаш по состанокот, но подоцна била ослободена со кауција.

Безби им изјавил на полицајците дека Лејман испила премногу на состанокот, па и повикал превоз кога пристигнале во неговиот дом. Таа одбила да си замине и се скрила во неговиот дом. Кога повторно ја нашол и повторно повикал превоз, таа станала агресивна, при што турнала неколку слики, а неколку и полила со вино додека извикувала пцости. Исто така скршила и две скулптури во вредност од 20.000 долари.

Оштетените сили на Ворхол во судските документи се заведени со вредност од половина милион секоја. (МИА)

Коронавирус