среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 98
home Занимливости

УЖАСЕН КРАЈ: Мајка на три деца на пријателите им пратила проштална порака, па се обесила

Како што вели нејзиниот сопруг, таа самоубиството го направила со бесење, додека тој бил во продавница, а за тоа го известил негов пријател, еден од оние кои ја добиле прошталната порака.
УЖАСЕН КРАЈ: Мајка на три деца на пријателите им пратила проштална порака, па се обесила

После големи проблеми со суицидални мисли, мајка на ти деца од Британија решила да се обеси, а пред тоа пратила циркуларна порака на своите пријатели, во која ги известува дека и било доста од борба.

33 годишната Хејли Кејтон е пронајдена мртва во семејниот дом во Лејланд. Таа била мајка на три деца на возраст од 14, 11 и 8 години, со својот сопруг Џон била во брак 13 години, а со психичките болсти се борела долг низ години.

Како што вели нејзиниот сопруг, таа самоубиството го направила со бесење, додека тој бил во продавница, а за тоа го известил негов пријател, еден од оние кои ја добиле прошталната порака.

На оваа домаќинка не и било прв пат да се обиде да се убие, поради што во 2017 година и е дијагностициран емоционално пореметување на личноста и проценета е како личност со хронични самоубиствени идеи.

Нејзиниот сопруг кажал дека со години заедно со неа се борел против болеста. Како што кажа одел на консултации со нејзиниот терапевт, поради се почестите проблеми со кои се среќавале поради што нивниот живот станувал невозможен.

-На 5 октомври беше многу вознемирена па отидовме да се повозиме со автомобилот и да се поразговараме за се. Кога се вративме изгледаше како да се чувствува добро. Истото мислење го имавме и наредниот ден, кога требаше да патуваме за Донкастер, вели тој.

Според договорот, тие сакале да одат да купуваат, но Хејли се откажала и Џон отишол сам. Не многу долго после тоа пријателите му се јавиле дека таа повторно има мисли за самоубиство.

-Завршив со борбите, била пораката која Хејли ја пратила, а која редовно ни ја праќаше кога и да и беше лошо, изјавила нејзината пријателка Анета Том.

Како што изјавила таа, Хејли често знаела да ги вознемири со вакви пораки.

-Кога добив порака од Хејли, брзо отидов до нивниот дом, вратата беше отклучена, а таа беше покрај вратата, кажала Анета.

Коронавирус