среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Занимливости

Утре ќе наполни 42 години: Вака денес изгледа Македонецот кој се роди на 8 илјади метри во авионот на ЈАТ, а кум му бил пилотот (ФОТО)

Утре ќе наполни 42 години: Вака денес изгледа Македонецот кој се роди на 8 илјади метри во авионот на ЈАТ, а кум му бил пилотот (ФОТО)

Австралијанецот Јатко Тодев со потекло од Македонија, добил доживотно бесплатно летање со авион од авиокомпанијата ЈАТ, затоа што во 1978 година, се родил за време на летот за Сиднеј.

Јатко е роден на 13 февруари за време на летот Б-707, кој летал од Југославија до Австралија. Неговата мајка Марија Тодева се породила во авионот и тоа било прв таков случај во историјата на воздушниот сообраќај.

Јатко раскажува дека папочната врвца ја пресекле со ножици, а ја дезинфицирале со виски. Кум бил пилотот, кој управувал со авионот. Јатко го добил името во чест на авиокомпанијата ЈАТ, сега позната како Ер Србија.

Јатко е единствениот човек во светот каде што во местото на раѓање е запишана регистрацијата на авионот YU-AGI. Иако добил можност бесплатно да лета до било која дестинација во светот, Ратко ниту еднаш не го искористил овој подарок. Тој сега со семејството живее во Австралија.