вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 49
home Занимливости

Урнебесно видео: Крадци на накит не можат да излезат од ограбената продавница

Урнебесно видео: Крадци на накит не можат да излезат од ограбената продавница

На Интернет кружи видео снимка од тројва крадци кои минатата година ограбиле продавница за накит во Лондон.

Снимката повторно станала актуелна бидејќи еден од крадците, 32 годишниот Ендру Елиот е осуден на седум години затвор бидејќи украл накит вреден 21.000 фунти.

На снимката се гледа дека еден од крадците се обидува да избега од продавницата, но продавачката претходно го притиснала копчето за заклучување на вратата, по што се заклучува во тоалетот и повикала полиција. Во тој момент во продавницата влегуваат други двајца ограбувачи, но бидејќи активирано е заклучувањето и тие не можат да излезат надвор.

Еден сепак се сети каде е копчето и истото го притисна, по што излезе надвор. Што се случува во продолжение погледнете во видеото.