петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 157
home Занимливости

Реакцијата на овој човек насмеа 10 милиони луѓе (ВИДЕО)

Реакцијата на овој човек насмеа 10 милиони луѓе (ВИДЕО)

Кристијан Хол ја сподели на Твитер својата голема возбуда поради направата за средување на облека која ја купил на Интернет и со тоа стана хит на социјалните мрежи.

– Кога ја купував оваа направа, немав идеја колку радост ќе ми донесе. Никогаш не сум се забавувал во животот со секојдневни и здодевни активности како што е диплење на маици, ова е најзабавната работа која некогаш сум ја купил – напишал овој Австралиец.

Видеото собра речиси 10 милиони прегледи и 7.500.000 лајкови, а многумина се воодушевени од реакцијата на овој човек.