петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 152
home Занимливости

Уништија часовници вредни 590 милиони долари: Оваа швајцарска компанија донесе шокантна одлука, но причината е оправдана (ВИДЕО)

Уништија часовници вредни 590 милиони долари: Оваа швајцарска компанија донесе шокантна одлука, но причината е оправдана (ВИДЕО)

Швајцарската компанија „Ричемонт“ која стои зад брендови како што се „Картије“ и „Монтбланк“, пред скоро време откупи и уништи луксузни часовници вредни околу 590 милиони долари.

Причина за тоа? Токму тие распродажби, на кои часовниците стануваат проценети како багатела.

Оваа компанија започна со интересна пракса, кога прво верувале дека распродажбите го успоруваат азискиот пазар и ги пренесуваат нивните производи на сивиот пазар, на кој можат да ги продаваат неавторизирани препродавачи по неверојатно ниски цени.

Кога нивните часовници би биле достапни, евтини и без сјајна репутација, тоа секако би ја уништило нивната вредност и ексклузивност. Овој пат, познатата холдинг компанија ги откупи сите модели од европскиот пазар, вклучувајќи и брендови како што се Пиаџет, ИВЦ, Вачерон Константин.

Часовниците кои се откупени ќе биде растурени и рециклирани. Оваа пракса секако не е идеална гледајќи од потрошувачката страна и донекаде се срамно тоа што овие компании го прават, но од друга страна, тие се борат за зачувување на репутацијата на брендовите и нивото на цената.

Најважното прашање кое можеме сега да го постави е што е впрочем иднината на луксузната часовничарска индустрија, ако земеме во предвид поспориот пласман и драстични чекори на кои брендовите од овој реон се одлучуваат.

Коронавирус