петок, 5. март 2021. Вести денес: 164
home Занимливости

Уникатен бизнис: Луѓе го изнајмуваат овој човек за да им прави друштво

Уникатен бизнис: Луѓе го изнајмуваат овој човек за да им прави друштво

Шоџи Моримото е Јапонец кој има 37 години.

Тој заработува со тоа што се изнајмува себеси. Му плаќаат околу 70 евра за да јаде или пие со некој кој бара друштво, па има илјадници клиенти.

Со оваа работа почнал во јуни 2018 година, кога на Твитер го напишал огласот: „Се нудам за изнајмување како личност која не работи ништо. Дали ви е непријатно да влезете сами во продавница? Дали ви треба играч во мал фудбал? Подготвен сум за сè што е едноставно.“

Денес, тој има 3 до 4 клиенти на ден. Обично, барањата доаѓаат од луѓе кои сакаат да ручаат со него, луѓе кои се на работ на развод и сакаат некој да ги сослуша или луѓе кои едноставно сакаат со него да се сликаат.

Коронавирус