сабота, 27. февруари 2021. Вести денес: 79
home Занимливости

Украл полициски автомобил и удрил во дрво, но нешто сосема друго ја шокираше полицијата кога го пронајде

Украл полициски автомобил и удрил во дрво, но нешто сосема друго ја шокираше полицијата кога го пронајде

Официјални претставници од канцеларијата на шерифот во Флорида изјавија дека Џошуа Шенкер (22) е уапсен откако полицијата објавила направил тешка кражба. Украл автомобил, со кој направил сообраќајка, но и тоа не е се од скандалите со него.

Кога полицијата пристигнала на пријавената локација, Шенкер лежел гол на патот.

Властите потврдија дека тој украл возило од градот Џексонвил, додека снимките од локалните вести покажуваат дека станува збор за обележан полициски автомобил.

Полицијата не утврди како е украдено возилото.

Во полицискиот извештај се наведува дека возилото, со кое Шенкер удрил во дрвјата во шумата во близина на автопатот, било оштетено и е направена штета од околу 10.000 американски долари.

Шенкер е префрлен во локалната болница како мерка за претпазливост, полицијата се сомнева дека тој бил „можеби пијан или под дејство на наркотици“, бидејќи добиле впечаток дека се наоѓа во состојба на делириум.

22-годишникот на крајот беше обвинет за кражба на моторно возило, одземање на службено возило и опрема, како и отпор при апсење – без насилство.

На Шенкер му беше дадена кауција од 4.011 долари

Коронавирус