петок, 25. септември 2020. Вести денес: 181
home Занимливости

Турски рибари во зима ловат риби како Ескимите

Турски рибари во зима ловат риби како Ескимите

Сибирските температури во регионот на Источна Анадолија во Турција ги принудуваат турските рибари да ловат риби како Ескимите.

Сибирските температури во некои делови на Турција им ја отежнуваат работата на рибарите кои ловат во езерото Чилдир кое се наоѓа во рамки на границите на турските градови Карс и Ардахан, а чија површина за време на зимата целосно замрзнува.

Дебелината на мразот на површината на ова езеро оваа година достигна до 50 сантиметри.

Жителите на ова подрачје, и покрај студеното време, ловат риби во езерото на кое го кршат мразот и ги пуштаат нивните мрежи за да фатат риба.

Во постудените денови рибарите своите мрежи ги оставаат дури по една недела поради немање доволно риби, додека во посоодветни температури своите мрежи ги собираат за еден ден.

Атанур Дурсун, рибар на езерото Чилдир, во изјава за АА истакна дека се занимава со риболов, што е професија на неговиот татко.

Дурсун раскажа дека со денови вршат подготовки за ловење и дека понекогаш на температури од 20 до 25 степени под нулата кршат мраз за да можат да ја пуштат мрежата за ловење во вода.

„Ја собираме мрежата која претходно ја пуштаме во вода. Понекогаш има риби, понекогаш не. Бројот на рибите е мал поради зимското време. Затоа мрежите ги оставаме по една недела, по 10 дена, а во меѓувреме ги проверуваме. Во езерото фаќаме риби како Ескимите“, рече тој.

Од друга страна, Октај Каја рече дека со риболов се занимава уште од детството.

„Во езерото има сѐ помал број риби и затоа ние сакаме да ја зачуваме оваа професија која ја имаме од нашите татковци и дедовци. Ловиме риби како Ескимите“, додаде Каја.

Тој нагласи дека и покрај ниските температури, тие со љубов ја вршат оваа професија.

Коронавирус