вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 59
home Занимливости

Туристите едногласни: Ова е градот во кој луѓето се чувствуваат најбезбедно и најпријатно

Туристите едногласни: Ова е градот во кој луѓето се чувствуваат најбезбедно и најпријатно

Според резултатите од новото истражување, холандскиот Амстердам е прогласен за најпријателски туристички град на светот.

Истражувањето го спровела агенцијата “Authentic Vacations” која анализирала 10 големи градови и вклучила фактори како што се аеродроми во близина на градот, квалитетот на локалниот аеродром, севкупното задоволство од дестинацијата, познавањето на англиски јазик, достапноста за сместување и безбедноста.

Резултатот вели дека Амстердам претставува “одличен градски одмор”. Во него можат да се посетат многу интересни локации како и многу активности на дневно ниво – од посета на музеи до лежерни прошетки покрај каналите.

Кога сонцето ќе зајде, оживуваат рестораните, баровите и клубовите, а атмосферата е пријателска. Луѓето се срдечни и љубезни.

Ова е листата на најпријателски туристички градови на светот:

  1. Амстердам
  2. Виена
  3. Дубаи
  4. Лондон
  5. Копенхаген
  6. Њујорк
  7. Берлин
  8. Сиднеј
  9. Хонг Конг
  10. Ванкувер

 

Коронавирус