недела, 18. ноември 2018. Вести денес: 43
home Занимливости

Трудница влегла во преполн автобус, па се разочарала од луѓето: Постапката на еден човек потполно ја поразил

Трудница влегла во преполн автобус, па се разочарала од луѓето: Постапката на еден човек потполно ја поразил

Каде исчезна бонтонот и емпатијата, е прашање кое многу жени го поставуваат на социјалните мрежи.

На тоа ги поттикна една трудница во поодмината бременост на која никој не сакал да отстапи место во автобус во Лондон. Кога погледнала едно празно место таму имало торба на човек кој седел покрај неа, а место да ја поттргне и ослободи место за бремената жена, тој торбата ја покрил со рака без намера да ја тргне.

Жената во осми месец од бременоста одлучила да реагира и без размислување да седне на тоа место, преку торбата која се уште била на седиштето. Таа објавила пост на Твитер во кој го опишала својот потег и „нечовечкото“ однесување на човекот во јавниот превоз, после што нејзината објава стана вирален хит. Но, не е познато како после тоа реагирал мажот.

Нејзината објава „открила“ колку жени се борат со истите проблеми, недостатокот на бонтон, емпатија и премногу себичност кај луѓето во јавниот превоз. На нејзината објава коментирале многу жени откривајќи ги и своите искуства, а на оваа трудница и упатиле зборови со поддршка.

Една од нив напишала дека замолила човек да и го отстапи местото зошто е трудна и имала мака, но тој ја одбил. Жената во одреден момент не можела да контролира мачнината и повратила директно над тој човек кој седел пред неа и читал весник, пишува англиски „Сан“.

Многумина на социјалните мрежи се сложија дека тој го добил она што го заслужил. Корисниците на социјалните мрежи, како женски така и машки, им дадоа поддршка и на првата и другата, а и на сите трудници кои се нашле во ваква ситуација.