петок, 7. мај 2021. Вести денес: 173
home Занимливости

ТРОГАТЕЛНА СРЕДБА: Татко и син се барале цели 57 години, а потоа се случило пресврт (ВИДЕО)

ТРОГАТЕЛНА СРЕДБА: Татко и син се барале цели 57 години, а потоа се случило пресврт (ВИДЕО)

Ричард Меклер не го видел својот син Џими веќе 57 години. Кога се родило момчето, двапати го држел во раце, а потоа мајката на Џими решила да го даде момчето на посвојување. Таткото и синот тогаш ги загубиле сите контакти.

Џими го посвоило друго семејство, во кое пораснал опкружен со љубов и грижа. Но, целиот свој живот, тој ја барал вистината за неговите биолошки родители. Тој се распрашувал за нив, но не можел да открие каде живеат или дали имаат нови семејства.

Тогаш тој решил да направи голем чекор – направил ДНК анализа и започнал да бара во базата на податоци за луѓе со кои споделува генетски материјал. Шансите да ги пронајдете биле многу мали, но Џими не изгубил надеж.

На истиот потег се одлучил и Ричард, кој страдал со децении затоа што го изгубил контактот со неговиот првороден.

Кога се совпаднале податоците во нивната ДНК база, тие контактирале едни со други и договориле состанок.

Ричард дошол со своето семејство – неговата сопруга и децата, кои исто така со нетрпение очекувале нивниот сопруг или татко да се сретне со неговиот син, кого не го видел скоро 6 децении. Џими исто така дошол со своето семејство – сопругата и синот.

– Го држев Џими во раце само двапати и сите овие децении чувствував огромна празнина во моето срце – рече Ричард видно возбуден пред насобраните новинари кои дојдоа да ја снимат оваа трогателна средба.

Изненадувањето било уште поголемо кога Џими дознал дека Ричард живеел од него само половина час со автомобил многу години. Сепак, судбината не им дозволила тогаш да се сретнат …

Кога се виделе за прв пат по 57 години на 23 април, не можеле да ги задржат солзите од радост. Членовите на нивните семејства исто така плачеле, трогнати од емоции што таткото и синот не успеаја да ги контролираат.

Коронавирус