недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Занимливости

Три љубовни писма на Наполеон до Жозефина продадени за половина милион евра

Три љубовни писма на Наполеон до Жозефина продадени за половина милион евра

Три љубовни писма, напишани од Наполеон Бонапарта за неговата сопруга Жозефин во периодот меѓу 1796 и 1804 година, беа продадени за 513.500 евра на аукција, соопшти аукциската куќа Друо во Париз.

– Немам добиено писмо од тебе. Сигурно имаш друга, попријатна работа, штом забораваш на сопругот, кој макар и да е затрупан со работа, а и покрај уморот, мисли единствено на тебе, ѝ пишува генералот на Жозефина на 18 април 1796 година, за време на походот во Италија.

Еден друг, емотивен запис на новинарот Ками Демулен од 1794 година, беше продаден за 24.700 евра, па сега е сопственост на Историската библиотека на Париз. Демулен, инаку важна личност во Француската револуција, го напишал текстот за својата одбрана во судскиот процес против него. Но, на крај сепак, бил обезглавен на гилотина.

На истото наддавање, машината „Енигма” од Втората светска војна беше продадена за 48.100 евра.

Коронавирус