недела, 20. септември 2020. Вести денес: 52
home Занимливости

Три големи астероиди неделава ќе минат покрај Земјата

Три големи астероиди неделава ќе минат покрај Земјата

Научниците стануваат сѐ подобри и подобри во откривањето на вселенските тела, особено оние кои се потенцијална закана за нашата планета. До крајот на неделава близу Земјата ќе пролетаат три големи астероиди.

Минатиот месец аматер астроном откри астероид кој професионалците го промашија. Леонарду Амарал од Бразил на 27 август го забележа астероидот 2020 QU6 со дијаметар од илјада метри, големина доволна на направи голема штета доколку падне на Земјата. Тој на 10-ти месецот мина на растојание од 40 милиони километри од Земјата.

„Ова откритие нѐ потсетува дека иако сме ги пронашле повеќето објекти во близина на Земјата, сепак не сме ги нашле сите“, вели Кејси Драјер од The Planetary Society.

Се работи за астероидите 2020 RW3, 2020RN1 и 2014 QJ33 кои токму неделава ќе поминат покрај Земјата.

2020 RW3 утре ќе мине на оддалеченост од 2,5 милиони километри. Тој има дијатеметар од 18 метри.

2020RN1 е поголем со дијаметар од 30 метри и ќе мине на безбедна далечина од 7 милиони километри, додека 2014 QJ33 е најголем со дури 62 метар дијаметар и ќе н одмине за 2,5 милиони километри.

Иако трите астероиди ќе поминат на безбедна оддалеченост, сепак тоа е мал потсетник дека астрономите на Земјата мора да бидат будни.

Коронавирус