понеделник, 22. април 2019. Вести денес: 42
home Занимливости

Трчање во Сибир на -60 степени Целзиусови

Трчање во Сибир на -60 степени Целзиусови

Молдавскиот спортист Дмитри Волошин истрча 50 километри на екстремно студени температури. Со оглед на тоа што температурата достигна -60 степени Целзиусови во областа Ојмјаконски, на Волошин му беа потребни 6 часа за да ја постигне целта. Според организаторите на настанот, тој стана првиот спортист кој истрчал 50 километри на екстремно ниски температури, без никаква поддршка на доктори или спасувачи.

Трката е дел од хуманитарен проект наменет да се обрне внимание и поддршка на децата кои страдаат од церебрална парализа.