недела, 16. декември 2018. Вести денес: 86
home Занимливости

Тој е постар од неа 27 години: Мажот ми го нарекуваат педофил, но ние супер си одговараме (ФОТО)

Тој е постар од неа 27 години: Мажот ми го нарекуваат педофил, но ние супер си одговараме (ФОТО)

Без оглед на тоа што мислат луѓе, ние сме складен пар и се преселивме за да не остават на мир и како би тргнале од почеток. Енди е љубовта на мојот живот, вели 19 годишната Бет.

46 годишниот  Енди Телфорд, ја сретнал својата сопруга Бет кога таа имала 16 години. Имаат два сина. Бет денес има 19 години, а во медиумите излезе затоа што како што вели е шокирана затоа што нејзиниот сопруг доживеал злоставување.

Енди и Бет се запознале во 2015 година додека тој и помагал на нејзината мајка околу преселба. Бет вели дека веднаш „паднала на него“. Набрзо станале пар, но често трпеле злоставување, па решиле да се преселат во Ланкашир.

 

-Пораките кои ги примаме се навредливи и жал ми е што мојот сопруг поради тоа толку пати. Без оглед на тоа што луѓето мислат, ние сме складен пар и се преселивме за да не остават на мир и како би тргнале од почеток, вели Бет. Таа е домаќинка која се грижи за нивните синови.

-На почетокот малку се плашев што другите ќе кажат, но не можев да ги контролирам своите чувства кон Енди. Некои мои пријатели кажаа дека нашата врска е морничава и изгубив некои пријатели, но јас и понатаму сум со човекот кој кон мене се однесува како да сум принцеза, вели Бет.

Парот се венчал во 2016 година и ги имаат синовите, 2 годишниот Тими и Конвеј, кој е стар 9 месеци.

-Најтешко ни беше 2015 година кога на комбето на Енди од работа му напишаа дека е педофил. Потоа соседите на улица почнаа да му велат дека е педофил, а мене ми кажаа дека во него барам таткова фигура. Му кажаа дека е педофил пред неговите деца. Поради тоа се преселивме. Новата средина е многу подобра и помалку не осудува. Научивме да ги игнорираме сите коментари и иако разликата меѓу нас е 27 години, еден со друг супер си одговараме, вели Бет, пишува Мирор.