петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 119
home Занимливости

Тоа што го направила ова невеста ги шокираше сите: Поради тоа што го барала од гостите стана мета на критики

Тоа што го направила ова невеста ги шокираше сите: Поради тоа што го барала од гостите стана мета на критики

Една жена од Австралија присуствувала на свадба и останала запрепастена од реакцијата и потегот на невестата на која не ѝ бил доволен подарокот.

Имено, гостинката на венчавката донела 200 долари и свеќа која чини 75 долари, но невестата и младоженецот процениле дека трошоците за тоа што таа присуствувала таму, чинеле повеќе.

Тие ѝ барале дополнителни 300 долари, па оваа жена останала без текст.

„Свеќата не ја сметаше како ‘вистински подарок’, бидејќи, како што рече, ‘не може да прави ништо со неа и не била доволно висока, као што сакала таа’“.

Своето неверување и разочарување го споделила со Фејсбук кориниците во една група. „Мислев дека се шегува. Во Австралија не е обичај да даваш пари во согласност со трошоците“, рекла таа и додала дека 200 долари ги смета за голема сума на пари за подарок.

Корисниците во коментари ја поддржале и ѝ рекле да не се чувствува должно кон невестата.

„Заборави ја таа пријателка, за жалење е“, „Зошто гостите би требале да се сносат со трошоците на нејзината венчавка?“, биле само дел од коментарите.