четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 0
home Занимливости

Тивко се извини: Сериски убиец осуден на неколку доживотни казни

Тивко се извини: Сериски убиец осуден на неколку доживотни казни

Сериски убиец и силувач, поранешен полицаец од Калифорнија, познат како „’Golden State Killer’ “, изјави денес дека искрено жали за тоа што им го направил на своите жртви.

Тој го кажа ова на суд пред да му биде изречена пресудата. Осуден е на неколку последователни доживотни казни за серија силувања и убиства што ја шокираа Калифорнија, пренесува АП.

Џозеф Џејмс Де Анџело се изјасни за виновен за 13 убиства и 13 силувања. Тој се изјасни за виновен како дел од спогодбата за да се избегне смртна казна.

Судијата Мајкл Бауман рече дека пресудата значи дека ДеАнџело ќе умре во затвор за злосторства што ги извршил во периодот 1975 до 1986 година.

Пред изрекување на казната, ДеАнџело излегол од инвалидската количка, ја соблекол маската за лице и му кажал на судот:

„Слушав за сите, за секоја од нив и искрено жалам за сите што сум ги повредил“.

Тој исто така јавно призна десетици сексуални напади за кои веќе истекло временското ограничување. Тој имал дури 87 жртви на 53 места во 11 окрузи во Калифорнија.

Имал толку многу жртви што пресудата морало да биде изречена во универзитетска сала доволно голема за да ги смести преживеаните жртви и нивните семејства. Пресудата беше изречена по тридневно рочиште во кое жртвите раскажуваа детали за неговото насилство.

ДеАнџело тивко ги слушаше нивните исповеди,со лице без израз, седејќи во инвалидска количка за која обвинителите тврдат дека биле само обид да се скрие неговото сеуште добро здравје.

Тој избегнувал апсење четири децении, а истиот беше откриен и уапсен дури во 2018 година, со помош на нова форма на мониторинг на ДНК.

Обвинителите првично бараа смртна казна , но се согласија на доживотен затвор со оглед на мораториумот во Калифорнија за егзекуции, пандемијата на коронавирус и неговата напредна возраст.

Пресудата е донесена врз основа на спогодба за изјаснување, така што тој беше осуден на 11 последователни доживотни казни без можност за условно ослободување.

Коронавирус