вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Занимливости

Тинејџерка си го напишала своето име на интернет: Сосема случајно видела нешто што животот и го претворил во пекол

Тинејџерка си го напишала своето име на интернет: Сосема случајно видела нешто што животот и го претворил во пекол

Тинејџерка од Австралија еден ден за време на една забава сакала да си го пребара своето име на интернет, но во таа прилика наишла на стотина лажни порно фотографии и експлицитни снимки.

Ноел Мартин од Перт имала само 18 години кога ги открила бизарните фото-монтажи.

-Тоа беше многу понижувачко и болно за мене. Тој удар по достоинството не се опишува лесно, буквално ве разорува како личност, изјави оваа, сега 23-годишна дипломирана правничка.

Како што рече, некој на интернет ги зел нејзините фотографии за потоа да ги креира спорните снимки и слики и потоа ги објавил на Фејсбук.

Она што најмногу ги исплаши е фактот дека некои од фотографиите настанале на местата каде живеела и студирала.

-Имаше моменти кога по гледањето на тие фотографии само можев да лежам и да плачам во креветот. Не можам со зборови да ви опишам како се чувствував кога првпат го видов сето тоа. На некои фотографии пишуваше дека сум глупава крава. Дури и ме ставаа на насловна фотографија на порно филмови, а на еден од нив пишуваше „Третирај ме како ку*ва на фронт“, напиша таа на социјалните мрежи.

Just a bit of Sunday night fun 😂

A post shared by Noelle Martin (@noellemariamartin94) on

Кога овој инцидент го пријавила во полиција и рекле дека сама е виновна и дека треба да биде внимателна со фотографиите кои ги закачува на социјалните мрежи.

Инаку во Австралија овој вид на малтретирање е во експанзија, па секој петти Австралиец меѓу 16 и 49 години од животот е жртва на болни фотомонтажи.