недела, 8. декември 2019. Вести денес: 0
home Занимливости

Тинејџерка се породи на подиумот за играње во дискотека

Тинејџерка се породи на подиумот за играње во дискотека

Несекојдневна случка се случила во дискотека во еден француски град.

Тинејџерка се породила на подиумот за играње, а во целиот чин и помогнале вработените во клубот.

Менаџерот на дискотеката објавил дека новороденчето, кога ќе дојде време за тоа, секогаш ќе има бесплатен влез во нивниот клуб.

-Беше околу 5:30 наутро, време кога ја затвораме дискотеката. Немаше многу луѓе, но во еден момент ме повикаа и ми рекоа дека се работи за итен случај. Отидов до подиумот и видов дека девојка се породува, изјави менаџерката Мери Елен.

Се почнало во момент кога момче кое било гостин во клубот видел дека девојката почнала да се породува на подиумот.

Вработените брзо реагирале и повикана била итната медицинска помош која телефонски, во периодот додека пристигне, им давала инструкции како да постапат.

Полот на детето е откриен, а здравствените власти соопштиле дека и бебето и мајката се во добра здравствена состојба.