вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 8
home Занимливости

Тие знаат да живеат и трошат: Од богатството на најмладите милијардери ќе ви се заврти во глава, а се уште немаат ниту 30 години

Веќе три години по ред најмлади милијардерки на светот се Норвежанките 22 годишната Катарина и 21 годишната Александра Андерсен, ќерките на Јохан Андерсен, основачот на инвестициската компанија „Ферд“.
Тие знаат да живеат и трошат: Од богатството на најмладите милијардери ќе ви се заврти во глава, а се уште немаат ниту 30 години

Од  2.208 милијардери кои се наоѓаат на познатата листа на богаташи на Форбс, има и 8 луѓе кои се помлади од 30 години, а еве како стигнале до своето вртоглаво богатство.

Веќе три години по ред најмлади милијардерки на светот се Норвежанките 22 годишната Катарина и 21 годишната Александра Андерсен, ќерките на Јохан Андерсен, основачот на инвестициската компанија „Ферд“.

Тој на ќерките им поклонил 42 проценти од компанијата, така што се проценува дека секоја од сестрите има по 1,4 милијарди долари.

На листата на Форбс тие стигнаа во 2016 година. Во медиумите минатата година има место посебно за Катарина, која полицајците ја застанаа зад воланот на нејзиното Ауди Q3, кога било утврдено дека имало три пати повеќе алкохол во крвта од она што е дозволено.

Девојките се уште студираат, но Катарина исто така гради кариера во областа на спортското јавање. Најголема желба и е да учествува на Олимписките игри во Токио во 2020 година, во дисциплината дресурно јавање. За место во норвешкиот национален тим веќе се има изборено.

Патрик Колижн од Ирска имаше само 16 години кога ја освои наградата „Young Scientist and Technology“ на Кралското друштво во Даблин.

Својата генијалност ја успеа да прелее во пари дури во 2010 година кога заедно со својот помлад брат Џон, смисли апликацијата за плаќање преку интернет „Stripe“.

Откако компанијата „Гугл“ во 2016 година инвестираше голема сума на пари во оваа фирма, тие станаа најмлади милијардери на светот кои се збогатиле со лична работа.

Браќата 29 годишниот Патрик и 27 годишниот Џон, според податоците на Форбс имаат милијарда долари на своите сметки, а нивната компанија на крајот на 2016 година е проценета на 9.2 милијарди.

Младиот милијардер Боби Марфи, е 29 годишен син на филипински доселеници во Америка, кој растел во Калифорнија. На познатиот Универзитет Стенфорд го запознал Еван Шпигл, со кој ја основаше „Снеп“ чија апликација е Снепчет.

 

 

Компанијата во меѓувреме излезе на берзата и го направи Марфи милијардер чие богатство се проценува на 3,6 милијарди долари.

Неговиот партнер Еван Шпигл, само неколку месеци помлад од Џон Колижн, е познат по својот гламурозен живот, а минатата година се ожени со супермоделот Миранда Кер. Шпигл е син на адвокат од Лос Анџелес, а вредноста на неговото богатство се проценува на 3,6 милијарди долари.

Лудвиг Теодор Браун е најмладиот германски милијардер и еден од наследниците на Лудвиг Георг браун, кој фабриката за медицински уреди „Б.Браун Мелунген“ ја претвори во глобален концерн.

На листата на Форбс се наоѓаат вкупно осум негови наследници, кои имаат различни удели во концернот. Лудвиг Теодор е најмладиот и сопственик на десет поценти од семејната компанија, што одговара на износ од околу 1,7 милијади долари.

Коронавирус