четврток, 20. септември 2018. Вести денес: 116
home Занимливости

Тие се најстариот брачен пар на светот: Заедно се 80 години и тоа благодарејќи на една работа (ВИДЕО)

Тие се најстариот брачен пар на светот: Заедно се 80 години и тоа благодарејќи на една работа (ВИДЕО)

108 годишниот Масао Матсумото и неговата сопруга 100 годишната Мијако официјално се најстариот брачен пар на светот и прославија 80 години брак.

Парот кој вкупно има 208 години се венчал далечната 1937 година, а податокот го потврди и Гинисовата книга на рекорди.

Стогодишната Мијако тврди дека за тоа е заслужна она, односно нејзиното трпение.

-Многу ми е мило. Тој брак уствари трае благодарејќи на моето трпение, вели низ насмевка Мијако, фотографирајќи се со сопругот и останатите членови на семејствата пред врамениот сертификат до старскиот дом каде што живеат.

Брачниот пар Матсумото никогаш не успеал да ја реализира церемонијата за венчавка со оглед на тоа што во Јапонија во тоа време се спремала војна, а Масао бил пратен во црква.

Меѓутоа, тоа не ги спречило да основаат големо семејство, имаат 25 внуци, а најмладото внуче е родено пред еден месец.

-Влегоа во последното поглавје од својот живот. Беше чест за нив да ја добијат оваа награда. Сакам да продолжат да живеат спокојно, изјавила ќерката Хироми.

Јапонците во светот се познати по долгиот животен век.