понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 102
home Занимливости

Татко од пеколот: На ноќта на вештерките смислил хорор план за да се ослободи од долгот од 90.000 евра, па го жртвувал синот (ФОТО)

Татко од пеколот: На ноќта на вештерките смислил хорор план за да се ослободи од долгот од 90.000 евра, па го жртвувал синот (ФОТО)

Оваа ноќ на 31 октомври требала да биде една од највозбудливите ноќи на вештерките во животот на малиот Тимоти О’Брајен (8) од Тексас, но на крајот се заврши кобно.

Малиот Тимоти заедно со својата сестра Елизабет (5), таткото Роналд и соседите не го дочекаа одењето и собирањето на слатките од домовите ширум градот, попозната традиција како „trick or treating“ на ноќта на вештерките.

Таа ноќ на 31 октомври 1974-та започнала со вечера во домот на соседите пред да се договорат родителите да ги носат децата на собирање слатки по другите домови.

Роналд кој бил угледен оптичар во Тексас бил и член во хор во локалната црква, но никој не знаел дека тој имал сериозни долгови.

Тој должел 90 илјади евра и имал тешкотии да ги врати со една работа, па затоа смислил застрашувачки план за да се реши од своите долгови, а ноќта на вештерките била совршена за да го оствари истиот план.

Откако започнале да одат од дом на дом децата заедно со нивните родители, Роналд и неговите деца пристигнале пред еден дом во кој немало никој, а потоа ги испратил децата во друг дом додека него го чекал соседот на кој му се придружил за кратко време.

Тој му рекол дека иако било темно во домот излегол пар кој му дал неколку слатки за децата и ги ставил во нивните роби, а набрзо започнало да врне и сите си заминале дома.

За време на ноќта Тимоти му побарал на татко му едно од слатките бидејќи бил гладен, а откако тој му помогнал да го отворат детето веднаш го изело слаткото стапче  за кое рекло дека е горко по што започнало да му се лоши.

Помалку од еден час додека детето било во комбето на брзата помош на пат кон болница починало. Кога се извршило обдукција на телото на детето било откриено дека тоа се отруло од отровот калиум-цијанид. Слаткото кое го изело детенцето имало доволно отров дури да убие двајца возрасни луѓе.

Полицијата веднаш започнала истрага и додека на почетокот таткото не признавал подоцна полицијата открила дека тој должел голем долг и дека тој земал полиса за осигурување на животите на своите деца во износ од 10 илјади долари поединечно во јануари истата година.

Тој за неколку месеци добил премија од 20 илјади долари за секое дете доколку истото починело, а ова го натерало најлесно да се ослободи од долговите…

Судот го осуди за виновен за само 45 минути, а еден час подоцна му изрече и смртна казна. Усмртен е на 30 март 1984-та година.

Коронавирус