петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 127
Во живо

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Натпартиски протест во Куманово за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Занимливости

Таксистите не смеат да возат во бермуди и маици без ракави: Строги правила на облекување во престолнината на модата, летаат и казни

Таксистите не смеат да возат во бермуди и маици без ракави: Строги правила на облекување во престолнината на модата, летаат и казни

Повеќе од 20 возачи на такси во Милано се парично казнети поради носење на бермуди , иако во тој италијански град веќе со недели е топло со температури до 35 степени целзиусови, пренесуваат италијанските медиуми.

Според прописот усвоен во 2016 година, таксистите не сема да носат кратки панталони, маици без ракави, без разлика на тоа какви се временските услови. Тие исто така не смеат да носат ниту спортска опрема како што се тренерки.

Миланската полиција од почетокот на топлотниот бар казнила околу 20 таксисти, а казната е 110 евра.

Милано е една од светските престолнини на модата, а градските власти сметаат дека сите треба да бидат пристојно облечени, без разлика модните трендови и временските услови.

Коронавирус