петок, 18. септември 2020. Вести денес: 166
home Занимливости

ТАА се појави на туѓа свадба и направи хаос: На младоженецот му соопшти дека е бремена (ВИДЕО)

ТАА се појави на туѓа свадба и направи хаос: На младоженецот му соопшти дека е бремена (ВИДЕО)

Венчавката во Детроит која требало да биде интимна за младенците, семејствата и пријателите, одеднаш се претворила во вистинска драма. Една личност се нафрлила на младоженецот, па свадбата се претворила во шоу програма, а видеото од овој момент има милионски прегледи.

Младенците стоеле под украсен олтар подговени да ги кажат заветите и нивното судбоносно “да“ кога во нивна близина се појавила една бесна жена која му се нафрлила на младоженецот.

„Ентони! – Се правиш дека не ме познаваш? – Денеска не се напи од своите лекови? – Ентони! – Знам дека ме слушаш, носам твое дете“, викала жената.

Тука се случил моментот на кулминација кога една девојка ќе го фрли цвеќето кон жената која предизвика хаос на венчавката.

Ова видео е објавено на социјалната мрежа TikTok и не е познато каков епилог имал овој љубовен триаголник.

@danielleondemandPregnant ??side chick crashes wedding ##foryoupage ##drama ##wedding ##sidechick

♬ original sound – danielleondemand

Коронавирус