понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 0
home Занимливости

Таа е генерација со неговите внуци, а денес му е сопруга

Таа е генерација со неговите внуци, а денес му е сопруга

Студенката, кој се омажила со маж постар 51 година од неа, вели дека тој е многу внимателен љубовник и додава дека таа не игра улога на маќеа на неговите деца, кои се скоро 30 години постари од неа.

Терзел Расмус (29) од Јужна Африка, пред 4 години го запознала 80-годишниот Вилсон Расмус. Вели дека љубовта се родила веднаш и покрај тоа што тој имал внуци на нејзина возраст.

Нејзината мајка и покојниот татко се согласија со нивниот брак, а сведок на венчавката беше 56-годишната ќерка на Вилсон.

Парот сега живее заедно, а Вилсон финансиски ја поддржува неговата сопруга да ги заврши студиите по право.

-Се запознавме на игранка каде што бев дежурен новинар и фотограф. Кога завршив, Вилсон дојде преку подиумот до местото каде што седев и ме праша дали може да седи до мене. Реков – „Да“, а останатото е историја – оттогаш не сме се разделиле, рече Терзел.

Терзел додава дека ова е нејзина прва долга врска и дека по само три месеци врска сакала да се омажи за Вилсон.

 

ЕУРО 2020

Македонија