понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 13
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Занимливости

Светот стравува од недостиг на овој производ- ќе го нема со месеци, а никој не е свесен, најпогодени ќе бидат младите парови!

Светот стравува од недостиг на овој производ- ќе го нема со месеци, а никој не е свесен, најпогодени ќе бидат младите парови!

Најголемиот светски производител на презервативи, малезиската компанија „Karex Bhd“, предупреди за глобален недостиг на овој производ, откако блокадата поради новиот коронавирус го принуди да запре со производството.

Во последните десет дена компанијата нема произведено ниту еден презерватив во трите малезиски фабрики.

Тоа е веќе недостиг од 100 милиони кондоми кои обично се продаваат на меѓународно ниво со брендови како „Дурекс“, доставени до државни здравствени системи, како што е британскиот NHS, или дистрибуирани преку програми за помош, како што е Фондот за население на ОН.

– Ќе бидеме сведоци на широко распространет глобален недостиг на презервативи, што ќе биде застрашувачки. Тоа нема да трае само две недели или еден месец. Овој недостиг може да биде со месеци, изјави Го Миа Киат, извршен директор на компанијата.

Малезија е најпогодената земја во Југоисточна Азија, со 2.161 заразени лица и 26 смртни случаи од коронавирусот. Предвидено е блокадата во земјата да трае најмалку до 14 април.

Други големи земји, кои произведуваат презервативи, се Кина, каде новиот коронавирус передизвика затворање на фабрики, и Индија и Тајланд, кои неодамна соопштија за заразени случаи со Ковид-19.

Коронавирус