недела, 27. септември 2020. Вести денес: 0
home Занимливости

Светот и се воодушеви откако блесна во бело: Се омажи најмладата премиерка која користи Инстаграм дури повеќе од што треба (ФОТО)

Светот и се воодушеви откако блесна во бело: Се омажи најмладата премиерка која користи Инстаграм дури повеќе од што треба (ФОТО)

Финската премиерка Сана Марин се омажи за својот долгогодишен партнер, осум месеци откако што стана шеф на владата во својата земја.

 

View this post on Instagram

 

Mestariposeeraajat. #linnanjuhlat

A post shared by Sanna Marin (@sannamarin) on

Имено Марин на својот Инстаграм профил напишала дека во саботата се омажила за Маркус Раиконен објавувајќи фотографија со сопругот на која е облечена во невестински фустан држејќи бидермаер во рацете.

 

View this post on Instagram

 

Ihanien #mariajaniilo:n häissä ❤

A post shared by Sanna Marin (@sannamarin) on

Финската влада навела на својот веб сајт дека венчањето се одржало во Кесаранти, официјалната резиденција на премиерот во Финска.

Тие наведоа и дека на свадбената церемонија на 34 годишната премиерка присуствувале семејствата на двајцата и нивните најблиски пријатели.

Парот бил заедно 16 години и има двегодишна ќерка.

Марин инаку е најмладиот премиер во светот, а на функцијата дојде во декември минатата година залагајќи се најмногу за заштита на животна средина.

 

View this post on Instagram

 

Neiti kesäheinän ensimmäinen kosketus mereen. #Munkkiniemi #Helsinki

A post shared by Sanna Marin (@sannamarin) on

Инаку многумина следбеници на Инстаграм и се воодушевуваат на премиерката бидејќи користи социјални мрежи, а особено на Инстаграм го објавува целиот свој живот, за разлика од многу политичари кои го кријат само за себе.

Коронавирус