понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 0
home Занимливости

Свештеник доби интимна порака: Неговиот одговор стана хит, ги насмеа сите на Твитер (ФОТО)

Свештеник доби интимна порака: Неговиот одговор стана хит, ги насмеа сите на Твитер (ФОТО)

Свештеникот Симон Рандел се најде во незгодана ситуација, на телефонот му стигна доста „погрешна порака“.

Отецот од Плимут со одговорот на мистериозната секси порака насмеа илјадници луѓе на Твитер.

-Дали си ОК секси? Дали си на работа утре? X, стоеше во пораката која ја примил отец Рандел.

Следното утро одговорил.

-Да, држам миса во 9:30 и 11:15, но мислам дека не сте мислеле оваа порака да му ја пратите на свештеник.

Ова допишување свештеникот го објави на Твитер, а илјадници луѓе му лајкуваа и му го ретвитнаа веста.

Еден корисник така напиша:

-Бар не ве прашале што носите, а друг пак напиша како можеби пораката и била наменета кон него затоа што нема причина зошто некој не би мислел дека тој е секси поп.

Свештеникот подоцна напиша.

-Испадна дека не е мој тип оној кој ми ја прати пораката.