среда, 22. мај 2019. Вести денес: 5
home Занимливости

Супер бабичка од Сибир: Живее потполно сама, а со 76 години лизга подобро многу помлади (ВИДЕО)

Љубов научила да лизга кога имала седум години и постарите денови ги минува лизгајќи за да помине преку едно од најдлабоките езера на светот- Бајкалското езеро.
Супер бабичка од Сибир: Живее потполно сама, а со 76 години лизга подобро многу помлади (ВИДЕО)

Бабичката, 76 годишната Љубов Морекодова е пензионерка која сама живее на Сибир.

Покрај своите поодминати години, не само што успева да преживее во суровите зимски услови, туку го привлекува вниманието на јавноста со своите лизгачки вештини.

Имено, Љубов научила да лизга кога имала седум години и сега деновите од староста ги поминува лизгајќи по едно од најдлабоките езера на светот- Бајкалското езеро.

Пензионирана инженерка живее во скромна куќичка и се грижи за своите миленици- кучиња, мачка, кокошки, петли, телиња, бикови и крави.

Секое утро станува во 5:30 часот како би ја нахранила стоката и пуштила кравите на брдото во близини. Исто така, секое утро на нозете ги облекува своите лизгалки направени во 1943 година и лизга преку езерото надгледувајќи своите крави, за да не изгубат.